Со над 15 години посветена работа во областа на стоматологијата, д-р Надица Михаилова,нејзиниот пристап се базира на комбинирање на стручност, естетика и функција – сѐ со цел да им обезбеди на пациентите здраво, стабилно и убаво протетичко решение.
По дипломирањето, д-р Михаилова ја продолжува својата едукација со специјализација по стоматолошка протетика, која ѝ овозможува длабоко разбирање на реконструкцијата на загубени заби, сложени случаи на оклузија и работа со најсовремени материјали и технологии.
Нејзината пракса опфаќа широк спектар на протетички третмани – од мобилни протези, до метал-керамички и безметални коронки, мостови и комплетни рехабилитации на усната шуплина. Секој третман е индивидуално прилагоден на функционалните и естетските потреби на пациентот.