Нашите услуги

Нашиот процес во 3 чекори

01

Закажи термин

Изберете го начинот кој ви одговара на вас, преку нашата веб-страница, телефонски повик или директно во ординацијата. Нашиот тим брзо и лесно ќе ви помогне да го резервирате терминот што најмногу ви одговара.
02

Преглед и консултација

На првата средба внимателно ги слушаме вашите желби и загрижености. Правиме детална анализа на оралното здравје и заедно го изработуваме најдобриот план за третман, прилагоден на вашите потреби и буџет.
03

Стручна нега и поддршка

Со користење на современи методи и материјали, ја реализираме договорената терапија со највисоко ниво на професионалност и внимание. По третманот, секогаш сме тука за контрола, поддршка и совети за долгорочно здравје на вашата насмевка.

Сѐ за вашата насмевка на едно место

Во нашата ординација добивате комплетна грижа. Од превенција и естетика, до најсовремени третмани за секој член на семејството. Дозволете ни да ја создадеме вашата најубава насмевка!

Протетика

Општа стоматологија

Ендодонција

Детска стоматологија

Вадење заби

Естетска стоматологија

РТГ Дијагностика

Белење заби

Имплантологија

Сè што треба да знаете за нашите стоматолошки услуги

Откријте ги сите услуги што ги нудиме, внимателно објаснети и прилагодени за секоја ваша потреба. Прочитајте повеќе за секоја услуга, како и за нашите методи и пристап, и изберете ја вистинската услуга за вашата насмевка.

Протетика

Протетика

Протетиката овозможува враќање на функцијата и естетиката на забите преку изработка на коронки, мостови, протези и естетски надградби. Со современи решенија и индивидуален пристап, обезбедуваме природен изглед и удобност при секоја насмевка.

Општа стоматологија

Општа стоматологија

Општата стоматологија е основата на оралното здравје. Во нашата ординација нудиме рутински стоматолошки прегледи, професионално чистење на заби, пломбирање, и третмани за кариес, како и советување за правилна нега. Наш приоритет е раната дијагноза и навремена интервенција, со цел зачувување на вашето орално здравје.


Ендодонција

Ендодонција 2

Ендодонција

Кога забот е силно оштетен или воспален, ендодонтскиот третман (познат и како вадење на жичка/нерв) е најдобро решение за негово спасување. Со прецизни техники и современа опрема, овозможуваме безболен третман и долготрајна заштита на забот.

Детска стоматологија

Детска стоматологија

Оралното здравје започнува од најрана возраст. Нудиме пријателски пристап и соодветна нега за најмалите пациенти, вклучувајќи третмани за млечни заби, запечатување на фисури, едукација и адаптација. Нашата цел е децата да развијат позитивен став кон стоматолошките посети.

Вадење заби

Вадење заби

Кога забот не може да се спаси, се пристапува кон негово вадење. Процедурата ја изведуваме внимателно и со локална анестезија, со цел пациентот да не чувствува болка и да има што побрзо закрепнување. Изведуваме и хируршки вадења на комплицирани заби или умници.

Естетска стоматологија

Естетска стоматологија

Современата естетска стоматологија овозможува подобрување на изгледот на вашата насмевка со природен и дискретен резултат. Понудата вклучува композитни фасети, корекција на форма и боја на забите, затворање на простори (дијастеми), и други естетски решенија – сѐ со цел да се чувствувате самоуверено и задоволно со вашата насмевка.


РТГ дијагностика

РТГ дијагностика 2

РТГ дијагностика – Панорамски и алвеоларни снимки

Нудиме висококвалитетни дигитални панорамски РТГ снимки (ортопантомографија) и алвеоларни (локални) снимки – клучни за точна дијагноза и планирање на третманите. Снимките се безбедни, со минимално зрачење, и веднаш достапни за преглед и анализа.

Белење заби

Белење заби

Професионалното белење на заби е безбедна и ефикасна постапка за освежување на вашата насмевка. Нудиме in-office (во ординација) и домашни системи за белење, според вашите желби и потреби. Со правилна грижа, резултатите се видливи и долготрајни.

Имплантологија

Имплантологија (по барање)

Во соработка со специјалисти по орална хирургија, нудиме имплантни решенија за изгубени заби. Имплантите претставуваат долготрајно и стабилно решение, со природен изглед и чувство. Секој случај се планира индивидуално, врз основа на РТГ снимки и 3D проценка.

Подарете си насмевка што трае

Закажете бесплатен преглед и откријте како нашиот тим може да ви помогне до здрава и блескава насмевка.